Шпанија се мачеше со Иран…, еден гол на Диего Коста доволен за триумф!

„Црвената фурија“ се мачеше, имаше на моменти и доволно среќа, за да на крајот ја запише првата победа на Светското првенство 2018 во Русија против Иран од 1-0.

Доволен за Шпанците да дојдат до посакуваните три бода беше погодокот на Диего Коста во 54. минута од средбата…

Во второто полувреме Иран успеа да постигне и погодок, но по прегледувањето преку ВАР системот сосема оправдано беше поништен.

По овој триумф, Шпанија и Португалија се на врвот од Групата 2 со по 4 бода, додека Иран остана на 3 бода. Пред последното коло, Мароко е веќе елиминиран без бодови.

Се вчитува...