Шпанија со победа над Аргентина го отвори женскиот ракометен Мундијал

Репрезентацијата на Шпанија со сигурна победа над Аргентина од 29-13 го отвори 25. Светско првенство во ракомет за жени. Аргентинките пружија силен отпор во првото полувреме, по кое на пауза заминаа со негатива од само еден гол 11-10.

Сепак, разликата во квалитет се покажа во вториот дел во кој Шпанките на противничките им дозволија да постигнат само три гола и на крајот стигнаа до конечен триумф од 29-13. Кармен Кампос Коста со пет гола беше најефикасна кај победникот, додека кај Аргентина три постигна Елке Хозелин Карстен.

Се вчитува...