Шпанија со суперзасилување за ЕВРО 2020

Шпанија ќе биде сериозно засилена за претстојниот европски шампионат откако беше обелоденето дека е завршена целокупната процедура за Ејмерик Лапорт да го облече дресот на „црвената фурија“ на ЕВРО 2020. Оваа вест прв ја објави весникот „Марка“, тврдејќи дека се е завршено и дека Лапорт ќе биде значаен адут на селекторот Луис Енрике на овогодинешниот шампионат.

Асот на Манчестер Сити е роден во францускиот град Ажен, но има шпански семејни корени. Тој имаше настапувано за младинската репрезентација на Франција, но никогаш не беше повикан за настап за сениорскиот состав на „триколорите“ од селекторот Дидие Дешамп.

Идејата тој да настапува за Шпанија ја покрена поранешниот селектор Хулен Лопетеги, на чие инсистирање и беше покрената постапката за промена на „фудбалскиот пасош“ на Лапорт. Процедурата траеше неколку години, за сега конечно Шпанците да добијат зелено светло и да можат да го вклучат токму за едно големо фудбалско натпреварување.

Се вчитува...