Шпановиќ остана без злато, па ИААФ ги промени правилата

Меѓународната Атлетска Федерација ИААФ реши да ги промени дел од правилата за натпреварувањата во иднина, откако Ивана Шпановиќ остана без златен медал на последното Светско првенство што се одржа во Лондон. Србинката тогаш бурно реагираше откако при скокот и се откачи бројот на грбот и падна неколку сантиметри поназад, па иако со нозете и телото имаше должина за прво место, Шпановиќ на крајот остана без медал.

ИААФ тогаш инсистираше дека правилата мора да се почитуваат, за сега истите да бидат променети, па во иднина натпреварувачите во скок во далечина и трискок нема да носат бројка на грбот, за да се избегнат вакви несакани случки.

Ќе дојде до промени во правилата и во фрлачките дисциплини, доколку престапот бил направен пред клучното движење при исфрлањето (на ѓуле, диск или кладиво), а исто така ќе биде вклучена и видео-технологија за стартот на тркачките дисциплини, за да се утврди доколку некој натпреварувач тргнал пред останатите.

Се вчитува...