Шпанската Ла лига се враќа на 20. јуни?

Тренерот на Леганес, Хавиер Агире вели дека шпанската Ла лига ќе продолжи на 20. јуни и ќе трае до 26. јули пренесуваат шпанските медиуми. Тој вели дека натпреварите ќе се играат четири дена во неделата, во среда, четврток, сабота и недела, како би можело во најбрз можен рок да се заврши првенството.

Во Ла лига до крајот останаа 11. кола, а во моментов Барселона е лидер со 58 бода, односно два повеќе од второпласираниот Реал Мадрид. Иако Шпанија е една од најпогодените земји во Европа од пандемијата од коронавирусот, сепак тие ќе направат се што е во нивна моќ шампионатот да биде завршен.

 

Се вчитува...