И покрај првичните најави, Реал Сосиедад нема да може да тренира од вторник

Шпанската влада даде дозвола од вторник дел од стопанството да може да се врати на своите редовни работни активности. Сето тоа остави впечаток дека и фудбалските клубови ќе може да се вратат на тренинзите, па Реал Сосиедад преку својата официјалната страница информираше дека фудбалерите од вторник (14. април) се враќаат на тренинзите, а ќе бидат применувани слични мерки на внимателност како во Германија.

Од клубот информираа дека ќе се тренира во мали групи на различни делови од теренот, а ќе мора да се користат и повеќе соблекувални со цел да се држи дистанца. По доаѓањето на тренинг центарот сите ќе бидат најпрво подложени на детални тестови.

Но, оваа најава многу брзо беше повлечена затоа што, сепак, клубовите нема да може да се вратат на тренинг активностите.

„Остануваат затворени сите објекти за спортски активности и разонода, вклучувајќи ги и фудбалските терени. Па, затоа Реал Сосиедад е информирам дека нема да може да продолжи со тренинзите во својот камп“ – информираа од шпанската влада.

Се вчитува...