Фудбалскиот сојуз на Шпанија и официјално донесе одлука натпреварот од Суперкупот 2018 за првпат во историјата да се игра надвор од границите на оваа земја.
Оваа година во суперкупот ќе се сретнат Барселона и Севилја, а натпреварот ќе биде одигран на 12. август во Мароко, на стадионот „Тангиер“ кој е со капацитет од 45.000 седишта.
Од оваа година суперкупот ќе се игра само еден натпревар, за разлика од досега кога се играа два меча.
Рекордер по освоени суперкуп титули во Шпанија е Барселона, дури 12, додека Севилја има само еден вакот трофеј од 2007 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА