Шпанци во Келн со срце „вардарци“: Дојдовме да видиме како Канељас освојува ЛШ!

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски

Ракометарите на Вардар на големо ги освоија симпатиите овде во Келн по вчерашната извонредна победа во полуфиналето на Ф4 и пласманот во големото финале. Па, дури и симпатиите на најверните навивачи на тимот кој вчера го елиминираа…

Интересна средба имавме во центарот на Келн, во очекување на големото финале од 18 часот, со навивачи кои од Барселона денеска допатувале  во Германија само за да навиваат за Вардар…

spanci za Vardar 2

„Да, вчера навиваме за Барселона секако, но Вардар си беше подобар, посреќен и заслужено ќе игра финале. Ние, иако Шпанци, дојдовме во Келн за да видиме како Канељас освојува Лига на шампиони. Тој ни е омилениот ракометар, а секако Вардар е и наш со толку многу Шпанци… Мора денеска да се радуваме на титулата. Напред Вардаааарррр“ – несрамежливо Хозе и Луис во еден глас, во име на целата своја група која пристигнала од Каталонија, ја искажуваат поддршката за македонскиот шампион.

Се вчитува...