Шпанците го скратија списокот: Без Штербик против Македонија

Шпанскиот селектор Жорди Рибера го објави скратениот список од 19 ракометари на кои ќе смета на почетокот од подготовките за СП во Германија и Данска, на кое „црвената фурија“ е еден од ривалите во групната фаза на македонската репрезентација.

На скратениот список на Рибера нема место за Арпад Штербик, кој се враќа во репрезентативна пензија откако накратко се врати за ЕП во Хрватска, каде им помогна на Шпанците да стигнат до европскиот трон.

Голманската позиција е добро покриена со Перез де Варгас од Басрселона и Коралес од ПСЖ, а прв впечаток е дека Шпанците делуваат моќно и со право се вбројуваат меѓу главните фаворити за светската круна.

 

СОСТАВ ШПАНИЈА

ГОЛМАНИ: Гонзало Перез де Варгас (Барселона), Родриго Коралес (ПСЖ), Сергеј Ернандез (Ла Риоха).

СРЕДНИ БЕКОВИ: Раул Ентрериос (Барселона), Дани Сармиенто (Сан Рафаел).

ЛЕВИ БЕКОВИ: Жоан Канелјас (Пик Сегед), Виран Морос (ПСЖ), Даниел Душебајев (Кјелце), Јосу Гоњи (Аикс).

ДЕСНИ БЕКОВИ: Алекс Душебајев (Кјелце), Едуардо Гурбиндо (Нант)

ЛЕВИ КРИЛА: Анхел Фернандез (Кјелце), Аитор Арињо (Барселона).

ДЕСНИ КРИЛА: Феран Соле (Тулуз), Алеиш Гомез (Барселона)

ПИВОТИ: Адриа Фигерас (Гранолјерс), Хулен Агинагалде (Кјелце), Абел Сердио (Валјадолид), Гидеон Гвардиола (Рајн-Некар Левен).

Се вчитува...