Шпанците и со резервен тим ја победија Србија

Шпанија со максимални девет бода по трите кола се пласираше во полуфиналето од ЕП за млади откако „црвената фурија“ вечерва славеше над Србија со 1-0.

Во ситуација кога пласманот во полуфиналето беше од претходно осигуран, селекторот Селадес го изротира целиот тим во однос на последниот меч со Португалија. Сепак, Шпанците и со резервната екипа успеаја да слават над Србија благодарение на погодокот на Денис Суарез во првото полувреме.

Фаворитот имаше бројни шанси и за поубедлива победа, но српскиот голман Манојловиќ со бројни интервенции спречи поубедлив пораз на својата селекција. Мора да се истакне дека Србија од 42. минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на голгетерот Ѓурѓевиќ.

0-1 Denis Suárez Goal HD – Serbia U21 vs Spain… by juniorrosenfeld

Се вчитува...