Шпанците против Саудиска Арабија како на тренинг

Репрезентацијата на Шпанија славеше убедлива победа против Саудиска Арабија со 42-25 во првиот натпревар на Меморијалниот турнир „Доминго Барсенас“, кој е во склоп на подготовките пред настапот на СП во Германија и Данска.

За актуелните европски шампиони овој дуел беше само полесен шутерски тренинг на кој селекторот Жорди Рибера имаше можност да ги испроба сите ракометари во ростерот и да ги воигра планираните тактички варијанти.

Во вториот натпревар на турнирот, Шпанција утре ќе игра против Полска, а во сабота им претстои дуел со селекцијата на Белорусија.

Шпанија е еден од противниците на Македонија во групата Б во Минхен во првата фаза од СП во Германија и Данска.

Се вчитува...