Шпанците се спасија од пораз против Колумбија, пред гостувањето во Скопје

Фудбалската репрезентација на Шпанија, која на 11 јуни ќе гостува во Скопје, на квалификациски меч против Македонија, едвај се спаси од пораз (2-2) на пријателскиот меч против Колумбија што се одигра во Мурсија. Албаро Мората со гол во 87.минута израмни на 2-2.

„Црвената фурија“ поведе со голот на Давид Силва во 22.минута, но Колумбија израмни преку Кардона во 39.минута, по грешката на шпанската одбрана, на чело со голманот Пепе Реина.

Фалкао во 55.минута ги доведе Колумбијците во водство, откако одлично реагираше со удар со глава по корнерот на Хамес Родригез, а Мората успеа да го спаси од пораз на домашен терен селекторот Хулен Лопетеги.

Се вчитува...