Шпанците тврдат: Ѓоковиќ се уште не мисли да се вакцинира

Новак Ѓоковиќ се уште не донел одлука дали ќе се вакцинира, пренесуваат шпанските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до најдобриот тенисер во светот и со тоа ја демантираат изјавата на писателот на биографијата на Србинот, Даниел Мукш кој изјави дека популарниот Ноле планира да се вакцинира.

Тие додаваат дека Ѓоковиќ воопшто не знае од каде дошол до таа идеја Мукш и дека во моментов не размислува за вакцинирање.

„Ѓоковиќ не е вакциниран и се уште нема одлучено дали ќе го направи тоа. Српскиот тенисер воопшто не знае од каде му е информацијата на Мукш дека тој ќе се вакцинира и ќе побара лично тој тоа да му го објасни. Од опкружувањето на Новак велат дека се може да се случи во иднина, но дека во моментов вакцинацијата не е опција“, пренесуваат шпанските медиуми. 

Ѓоковиќ ќе се врати на терените на турнирот во Дубаи од серијата 500 кој на програмата е од 21. до 26. февруари.

Се вчитува...