Неколкуте спорни одлуки на судиите предизвика реакции во Шпанија по финалето во Евролигата. Кошаркарите на Реал не успеаја да ја освојат својата 12-та титула во елитното натпреварување.
Кралевите беа поразени од Олимпијакос во неизвесна завршница на финалето одиграно во Атина со 92-85. Можеби исходот ќе беше поинаков доколку судијата Сретен Радовиќ не досуди контроверзен фаул од Кампацо над Волкап на крајот од натпреварот при резултат 82-80 за Олимпијакос. Грците искористија две слободни фрлања и добија предност од четири поени на 82 секунди до крајот.
Одлуката на хрватскиот судија Сретен Радовиќ предизвика реакции во Шпанија, па „дрва и камења“ беа фрлени кон судиите во водечките дневни медиуми.
Новинарот на „Марка“ посочува уште две ситуации, онаа што претходеше кога судиите ја сменија одлуката и ја доделија топката на Олимпијакос, како и онаа што следеше потоа, а тоа беше фаул на Фелиз врз Фурние на средината од теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
