На Националното првенство за сениори, кое викендов се одржа во Скопје, машката штафета на Македонија постави нов национален рекорд во дисциплината 4х400 метри.
Македонската штафета истрча време од 3:15.82, со што го подобри досегашниот национален рекорд од 3:20.69 за речиси пет секунди. Штафетата настапи во состав: Огнен Стефановски, Михаил Петров, Гилман Јунузи и Јован Стојоски.
Со овој резултат, македонските репрезентативци остварија значаен успех и поставија нови стандарди во оваа дисциплина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
