Штегер: Забавно беше со Болт, но тој е далеку од професионален фудбалер

Усаин Болт беше задоволен од пробата во Борусија Дортмунд, самиот си даде оценка „седум од десет“ и најави дека ќе стори се за уште повеќе да напредува и да заигра фудбал на професионално ниво. Сепак, тој став не го дели тренерот на „милионерите“ Петер Штегер, кој брутално искрено говореше за фудбалскиот потенцијал на повеќекратниот олимписки првак во атлетика.

„Во фудбалот станува збор за навика на движење, тактика… најважно од се е што Болт се забавуваше во Дортмунд. Мислам дека е талентиран, не се сомневам во тоа, но ако сериозно мисли да игра на највисоко ниво, пред него е многу работа. Реално, тој во моментов е далеку од професионален фудбалер за најдобрите лиги во Европа. Физикусот што му овозможи доминација во атлетиката е сосема различен од она што е неопходно за да се успее во фудбалот. Како и да е, за нас беше големо задоволство што го запознавме и што работевме со него“ – изјави Штегер за германските медиуми.

Оваа изјава сигурно нема да го израдува Болт, кој е преполн со желба за да успее и како фудбалер, по завршувањето на неповторливата кариера како атлетичар.

Се вчитува...