Штербик: Доста е… го одиграв последниот натпревар во кариерата!

Пандемијата на коронавирусот донесе огромни промени во животот и професионалното функционирање на голем број спортисти на планетава. За добар дел, овој „мртов период“ значи и прекин на кариерите. Еден од нив и поранешниот голман на Вардар, Арпад Штербик, кој во моментов е голман на унгарски Веспрем.

„Ова е навистина тешко за мене. Да бидеме искрени, за мене ќе биде тешко да се вратам на терен со 41 година после сета оваа пауза. Затоа мислам дека натпреварот со Татабања за мене беше последниот во кариерата. Жал ми е за фајнлфор турнирот во ЛШ, сакав да дојдам до уште една титула во кариерата но тоа за мене е невозможна мисија“ – соопшти Штербик.

Се вчитува...