Штербик го разбуди Веспрем: Триумф над Порто како увертира за Вардар

Веспрем ја прекина серијата од два порази откако унгарскиот гигант славеше на денешниот дуел против Порто со резултат 38-28. Иако конечниот исход е убедлив, мора да се истакне дека гостите во првото полувреме одлично парираа (19-16), а во вториот дел пресудно беше влегувањето на Арпад Штербик на голот на Веспрем. Унгарскиот гигант со тоа ја прекина серијата од два порази во ЛШ, будејќи се непосредно пред домашниот дуел со Вардар што е на програмата следниот викенд.

Поранешниот ас на Вардар за триесет минути на теренот стигна до двоцифрен број на интервенции, од кои произлегоа бројни голови. Слично како и на гостувањето против Вардар минатиот месец, Порто повторно немаше сили да издржи 60 минути во ист ритам, па убедливиот пораз на крајот беше неизбежен.

Дејан Манасков го одигра цело прво полувреме постигнувајќи еден гол од два обиди. Најефикасни кај Веспрем беа Нилсон со осум гола (без промашување), Ненадиќ со шест и Гајиќ со пет погодоци.

Се вчитува...