Штербик на трибини – „Арпад велики“ не брани против ПСЖ

Вардар ќе биде значително ослабен на дуелот за третото место против ПСЖ откако беше обелоденето дека Арпад Штербик воопшто нема да биде во составот на „црвено-црните“ на дуелот за бронзата во „Ланксес арена“ во Келн.

Големиот ас немаше свој ден во полуфиналето против Монпелје, поради што во второто полувреме беше заменет и не се врати на голот до самиот финиш, но се очекуваше тој денеска да го игра својот последен европски натпревар во дресот на Вардар. Сепак, тоа нема да се случи, откако Гонзалес реши денешното „мало финале“ да го игра со Милиќ и Ѓорѓески како двајца голмани.

Како што е добро познато, Арпад Штербик на крајот од сезонава заминува од Вардар во Веспрем, откако лани беше најзаслужен за историскиот успех и освоената европска круна, при што беше избран и за МВП на фајналфор турнирот.

Се вчитува...