Штербик: Никогаш не зажалив што дојдов во Вардар

Легендарниот Арпад Штербик е најголемото ракометно име што заиграло во дресот на Вардар, а извонредниот голман и по објавата за крај на кариерата се уште е интересен за новинарите, прераскажувајќи детали од последните две децении во кои доминираше на ракометните терени. Во интервју за српски „Дневник“, Штербик говореше за целата своја кариера, но се осврна и на времето минато во Вардар.

„Не зажалив што потпишав за Вардар, никогаш не помислив дека тоа е погрешен потег. Во Скопје живеев четири прекрасни години, стекнав бројни пријатели, освоив титули во ЛШ, а и финансиски минав многу добро“, истакна Штербик, кој сега живее во Будимпешта со семејството.

Тој во текот на кариерата го промени и „ракометниот пасош“, па почна да настапува и за шпанскиот национален тим, потег што исто така го оценува како позитивен.

„Во Шпанија созреав како голман. Навистина бранев одлично, со Сиудад Реал освоив три титули во Лигата на Шампионите. Менталитетот на Шпанците ми одговараше, затоа и останав долго. Неколку пати ме наговараа, на крајот успеаја да ме убедат да го облечам дресот на шпанската репрезентација, со која ја освоив светската титула во 2013 година, како и европската круна во 2018. Имав навистина извонредна кариера, но сега е време да се посветам на семејството“, порачува Арпад Штербик.

Се вчитува...