Штерјовски: Чувствуваме голем притисок, Пелистер мора да победи со Силекс

Пелистер утре од 13 часот во Битола го пречекува Силекс во натпревар од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига. Тренерот на „зелено-белите“ Зоран Штерјовски вели дека, по претходните резултати, овој натпревар Пелистер мора да го добие. Токму поради тоа и притисокот е многу голем во редовите на битолскиот прволигаш.

„Натпреварот со Силекс ќе биде тежок за нас бидејќи долго време сме без победа. Притисокот врз нас е голем и воопшто нема да е лесно. Силекс е квалитетен тим, а со победата над Шкендија во Купот сигурно многу добија на самодоверба. На овој меч мора да победиме, а кога е така е најтешко. Мислам дека домашниот терен е мала предност за нас, но веројатно на крајот и само еден гол може да ја направи разликата и да го одлучи победникот. Ќе повторам мора да победиме“, изјави Штерјовски. 

Натпреаварот под „Тумбе кафе“ меѓу Пелистер и Силекс е закажан за утре од 13 часот.

Се вчитува...