Штерјовски: Вклучен е алармот во Пелистер

Пелистер доживеа несреќен пораз на гостувањето во Струмица, кај Академија Пандев со 3-2. Автоголот на Драгарски и пеналот на Радески му пресудија на битолскиот тим кој веќе шест натпревари во ПМФЛ е без победа. Тренерот на „зелено-белите“, Зоран Штерјовски вели дека недостигот на фортуна го одлучи мечот со Академија Пандев и дека веќе алармот е запален во клубот.

„Навистина немавме среќа, но и таа е составен дел од фудбалот. Бевме подобар противник, но противникот буквално со секоја шанса не казни. Едноставно немавме среќа, но и тоа е убавината на фудбалот. Некогаш играш лошо, но победуваш, а некогаш играш добро, но не победуваш. Алармот во нашиот тим е запален. Потребни ни се бодови бидејќи веќе се наоѓаме во опасната зона. Повеќе од потребен ни е триумф на мечот против Силекс во следното коло“, изјави Штерјовски. 

Пелистер во следното коло од домашниот шампионат на 29. ноември ќе го пречека кратовски Силекс.

Се вчитува...