Зоран Штерјовски е петта смена во прволигашкото друштво сезонава. Штерјовски повеќе не е шеф на стручниот штаб на битолски Пелистер. По лошите резултати на тимот во последните мечеви, раководството на тимот од Битола одлучи да ја раскине соработката со тренерот.
„Иако не бевме во добра форма, верувам дека ќе ја остваревме главната цел и ќе обезбедиме опстанок. Бевме на добар пат, но сепак немаше доволно трпеливост. Се заблагодарувам на управата и играчите за убавиот период поминат во клубот и сите позитивни резултати кои ги направивме. Им посакувам среќа во понатамошниот дел од сезоната и се надевам дека на крајот клубот ќе обезбеди опстанок“, изјави Штерјовски за ЕКИПА.МК.
Битолчани веќе во среда ги очекува нов тежок натпревар во борбата за опстанок. На националната арена „Тодор Проески“ Пелистер му гостува на Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА