Штерјовски: Во Ѓорче да надоместиме за претходните порази

Победа утре гостува во Ѓорче Петров, против директниот ривал за опстанок Македонија ЃП. Прилепчани имаат пет бода предност пред „лавовите“ во трката за избегнување на најлошото, но тренерот Зоран Штерјовски смета дека неговиот тим не смее да загуби на претстојниот меч. Тоа е ‘дуел за шест бода’.

„Тоа што го пропуштивме на изминатите два натпревари на свој терен треба да го надополниме утре во Скопје. По мене тоа е ист профил на натпревар како и претходните два, каде и двете екипи ќе одат на три бода. Македонија ЃП ќе биде под императивот да победи на овој натпревар, а ние секако треба да го искористиме тоа“, вели Штерјовски.

Победа се наоѓа на десеттата позиција на табелата со 21 освоен бод, пет повеќе од Македонија ЃП.

Се вчитува...