ШТЕТА: Дејан Георгиевски го заврши својот настап во четвртфиналето во Таранто

Еден од најдобрите македонски спортисти во историјата, Дејан Георгиевски за жал нема повторно да ја израдува Македонија со уште еден медал, откако само чекор го фалеше до такво нешто на Медитеранските игри во Таранто, Италија.

Нашиот борец во четвртфиналето во категоријата над 80 килограми во трилер меч со 2-1 во рунди загуби од силниот турски претставник Хусеин Берат Демирчоглу.

Во борбата која беше буквално финале пред финалето, нашиот такевондист ја освои првата рунда, но со многу среќа и малку судиска помош Турчинот во втората рунда успеа да израмни на 1-1. Во последната рунда Демирчоглу беше повторно подобар за конечен триумф од 2-1.

Се вчитува...