ШТЕТА… И вторпат ненадиграни, и вторпат поразени… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Прага, Чешка
Горан Бошев
ФОТО: Роберт Спасовски

Македонија не успеа да добие на своја сметка ниту еден бод од двата натпревари со Украина во квалификациите за ЕП 2024. За жал… А, ниту еднаш не беше надиграна.

Селекцијата на Боби Милевски, дозволи несреќен пораз во Скопје од 2-3 и покрај водството од 2-0, за да денеска во Прага одигра комплетно рамноправен натпревар со Украинците во текот на сите 90 минути, а на крај повторно мораше да брои пораз.

Храбриот натпревар на македонските репрезентативци против 24-та селекција во светот и во Прага, во кој не беа искористени четири 100% шанси, на крајот донесе до уште еден горчлив впечаток и разочарување меѓу репрезентативците на кои, реално, и нема што многу да им се замери…

 

Се вчитува...