ШТЕТА: Рустемовски поразен во полуфиналето, но со бронза на ЕП

Најдобриот македонски боксер Ален Рустемовски не успеа да се пласира во финалето на Европското првенство кое што се оддржува во Софија.

Нашиот боксер во категоријата до 60 килограми загуби во полуфиналето од Украинецот Ајдер Абдурајмов по судиска одлука со 4-1.

Македонецот и покрај поразот го обезбеди бронзениот медал, успех кој го имаше и на Медитеранските игри во Таранто.

Се вчитува...