Втората македонска надеж денеска во таеквондо Христијан Симоновски го заврши на самиот старт својот настап во категоријата до 68 килограми на Медитеранските игри во Таранто, Италија.
Македонскиот таеквондист во првата своја борба на игрите беше поразен од домашниот натпреварувач Денис Барета со 2-0 во рунди. Со овој пораз заврши настапот на Симоновски во Таранто.
За потсетување Милијана Релјиќ се пласираше во четвртфиналето, а нејзината борба против Тунижанката Чаима Туми е закажана за 15.48 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
