Штимац за Хајдук: Нека го направат „Пољуд“ дискотека, можеби во тоа ќе им тргне

Кризата во Хајдук нема да се расчисти во скоро време бидејќи главни виновници за неа не се членовите на стручниот штаб, туку оние кои се највисоко раководство на клубот. Ова го порачува поранешниот хрватски репрезентативец Игор Штимац, кој пред извесно време и самиот беше прв човек на Хајдук, но не успеа да издржи долго на „Пољуд“.

„Не е важно дали си победил или загубил од Горица, тоа е убавината на спртот. Сепак, се што се случува во последно време е последица на незнаењето при управување со едно спортско друштво како што е Хајдук. Мило ми е што овие момци кои со години ги плукаа сите претходни управи и ги обвинуваа за криминали сега седнаа на чело на клубот, па сега самите увидоа дека не знаат ништо од водење на еден колектив како Хајдук“ – изјави Штимац за „Спортске новости“.

Припадниците на „Торцида“ се бесни и бараат нови промени во сплитскиот клуб, откако веќе и јавно упатија закани кон тренерот, играчите и членовите на највисоката управа.

„Никогаш не сум сакал закани, но ако треба да се посочи прстот кон некого тоа се челниците на клубот. Тие се истите оние кои пред некој дена држеа предавање на собранието со некакви си бројки, обидувајќи се да го оправдаат своето незнаење. Ако мене ме прашувате, најдобро стадионот „Пољуд“ да го претворат во дискотека и да продаваат пиво, можеби во тоа ќе биде успешни“ – порачува Игор Штимац.

Се вчитува...