Штип се подготвува за спектаклот во чест на Драгослав Шекуларац!

Се е подготвено за спектаклот кој се подготвува за сабота (3. јуни) во Штип каде ќе биде откриено спомен обележјето во чест на едно од најславните имиња на белградска Црвена Звезда и југословенскиот фудбал, родениот штипјанец Драгослав Шекуларац.

Како што информираат организаторите од 15:30 часот во паркот пред Домот на културата „Ацо Шопов“ ќе биде откриено обележјето изработено од Методи Андонов, а потоа од 17:30 часот на Градскиот стадион во Штип ќе се одигра ревијалниот натпревар меѓу ветераните на Брегалница и белградска Црвена Звезда.

Бројни легенди на Црвена Звезда во сабота ќе бидат присутни во Штип, а предводени токму од Драгослав Шекуларац. Како учесници на ревијалниот меч во црвено-белиот дрес се најавуват легендите на македонскиот фудбал кои се прославија во Црвена Звезда, Дарко Панчев, Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Митко Стојковски, Ѓоре Јовановски, Драган Христовски, браќата Бошко и Милко Ѓуровски, но и легендарните Душан Савиќ, Владимир Петровиќ – Пижон, Милош Шестиќ, Караси, Ачимовиќ…

Во тимот на легендите на Брегалница, пак, ќе бидат Стојан Арсов, Никола Штериев, Стојан Шумански, Гордан Здравков, Гоце Алексовски, Михаил Чаршавски, Ристо Божинов, Стојан Икономов, Влатко Костов, Драги Ефтимов, Васил Коцев, МијалчеМаџунаров, Пане Блажевски, Борис Цеков, Атанас Костов, Ристе Милосавов, Љупчо Лазаров, Мите Георгиев, Марјан Николов, Владо Ристов, Илчо Боров, Трајан Иванов, Никола Кузманов, Трајче Сенев, Горѓи Тркаљинов, Тоде Митев, Саше Тасевски, Станисав Цекиќ, Кочо Атанасовски, Кире Герасимов, Стево Илиев, Александар Мариќ, Зоран Петров, Методи Папаров, Стојан Станоевски, Трајан Иванов, Панде Богоев, Мите Андонов…, сите со можност за одигрување по некоја минута, а предводени од тренерите Мирко Наџаков и Стојан Коцев.

„Покрај сите овие бројни легенди специјален гостин ќе биде македонската легенда Кирил Дојчиновски“ – информираат организаторите на овој убав настан.

Како што е познато, Драгослав Шекуларац својата фудбалска кариера ја заврши токму во својот роден град, во Штип, на 20 септември 1978 , кога во градот под Исарот ги доведе Еузебио, Еду, Рилдо, Молина, Џајиќ, Тешан, Сантрач… Сега дефинитивно следи уште еден спектакл во Штип!

Се вчитува...