Штипска доминација во Унгарија: Миовски се најде уште еднаш во тимот на колото (ФОТО)

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, штипјанецот Бојан Миовски уште еднаш се најде во тимот на колото во Унгарија. Фудбалерот на МТК викендов успеа да постигне гол во ремито со Дебрецин.

Миовски сезонава запиша пет гола за својот клуб, а откако летово имаше селекторска промена во македонската репрезентација, тој доби повик и веќе дебитираше во најсилниот национален тим, откако претходно настсапуваше за младата репрезентација.

За потсетување, МТК со 12 бода е деветопласиран, само три над зоната за испаѓање.

 

 

Се вчитува...