Што бараше Лорис Кариус на трибините во Талин?!

Реал Мадрид во продолжението беше поразен од Атлетико Мадрид со 4-2 во натпреварот од европскиот Суперкуп во Талин. Кралскиот клуб во првиот официјален настап без Кристијано Роналдо по неговиот трансфер во Јувентус, го загуби првиот трофеј пред стартот на новата сезона.

Освен возбудувањата на теренот, внимание привлече и една необична фотографија од трибините во Талин. Еден од навивачите на Реал Мадрид решил својот дрес да му го посвети на голманот на Ливерпул, Лорис Криус.

Познато е дека Кариус беше трагичар во финалето од Лигата на шампионите кое Реал го доби со 3-1, во голем дел и благодарение на грешките на Кариус. Тоа пак го инспирирало навивачот на Реал Мадрид да му го посвети својот дрес на голманот на Ливерпул и во него да го бодри Реал Мадрид во Суперкупот. Покрај името на Кариус, стои бројката 13 што потсетува на резултатот 1-3 од финалето во ЛШ.

Но 13-та со името на Кариус овој пат не му донесе многу среќа на Реал, па „кралевите“ останаа поразени, а градскиот ривал им го зеде пехарот.

Се вчитува...