Што би било да кажеше ДА: Шпанците го молеле Меси да игра за „црвената фурија“

Лионел Меси стои на патот на Шпанија до новата светска фудбалска круна, но човек не може а да не се запраша во кој правец ќе се одвиваше фудбалската историја на мундијалите ако Меси го облечеше дресот на „црвената фурија“. Не дека Шпанците не се обидоа, туку се уште жалат што не успеаја да го убедат малиот Лео да заигра за оваа земја.

Приказната е од 2000 година, кога Меси со својот татко Жорге доаѓа во Барселона. Само неколку месеци беа доволни за неверојатниот талент на малиот Лео да биде забележан од сите, па првиот човек на шпанскиот младински фудбалски сектор, Мелендез, да тргне во обид да го „натурализира“ аргентинскиот тинејџер.

„Тој беше таму се седум-осум деца од Барселона, тука беа и Пике и Фабрегас. Сите имаа своја улога, го убедуваа да дојде и да игра за нас. Лео не сакаше ни да чуе, воопшто не размислуваше на таа тема, Аргентина беше негова единствена желба“, се присетува Мененгез, додавајќи: Нешто подоцна истата приказна му ја раскажав и на Висенте дел Боске… Тој разочарано ми кажа дека со Меси ќе имавме најмалку уште две титули светски првак.

Обидите на шпанската федерација продолжиле и во наредниот период, нудејќи му најразлични опции.

„Се обидовме на сите можни начини. Сакавме само да одигра еден меч за Шпанија, да го видиме на дело, му рековме да игра за младинската репрезентација, па потоа му објаснивме дека додека не наполни 21 година може да се премисли и сепак да заигра за Аргентина на сениорско ниво. Одговорот секогаш беше ист, на наше разочарување“, вели Мененгез.

Меси во 2004 година добива и шпански пасош, но тогаш веќе е доцна бидејќи Лео веќе има два настапи за А-селекцијата на Аргентина (против Унгарија и Парагвај). И шпанскиот сон згаснува.

Се вчитува...