ПСЖ до крајот на преодниот рок ќе се обиде да го ангажира Маркус Рашфорд, пренесува француски Л’Екип. Новиот тренер на „светците“ настојува да се засили во нападот, а изборот паднал на англискиот репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед.
Парижани во 24-годишникот гледаат некој кој може да игра како центален напаѓач, но и да делува по крилните позиции. Доколку ПСЖ успее да постигне договор со Манчестер Јунајтед нападот на францускиот клуб следната сезона ќе делува навистина застрашувачки заедно со Меси, Мбапе и Нејмар.
Маркус Рашфорд беше „виновен“ за елиминацијата на ПСЖ од Лигата на Шампионите во 2019 година. Дали четири години подоцна ќе го донесе долго посакуваниот „ушко“ во Париз останува да видиме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА