Што е многу, многу е: Алексис заработил 20.000 фунти од отказот на Мурињо

Јавна тајна беше дека Жозе Мурињо води војна со голем дел од фудбалерите на Манчестер Јунајтед по очајниот старт на сезоната, но работите дефинитивно ја надминале границата на нормалата во овој клуб откако играчите почнале да се обложуваат меѓу себе околу тоа кога Португалецот ќе добие отказ од менаџерската функција.

Ова во денешното издание го обелоденува таблоидот „Сан“, според кој најголем „добитник“ е Алексис Санчез, кој заработил 20.000 фунти во облог со Маркос Рохо. Аргентинскиот дефанзивец не верувал дека Мурињо ќе си замине од „Олд трафорд“, па сега ќе треба да му исплати значителна сума на својот соиграч.

„Ти реков, се што треба е малку трпение. Рохо, ми должиш 20 илјади фунти“ – напишал Санчез во групата на фудбалери на Јунајтед на “WhatsApp“.

Токму на инсистирање на Мурињо раководството на Манчестер Јунајтед го „украде“ Алексис пред носот на градскиот ривал Манчестер Сити, давајќи му плата од неверојатни 350.000 фунти неделно.

Се вчитува...