Што гледаа ВАР-судиите: Како може Де Бруине да не добие црвен картон за овој старт?

Кевин де Бруине е многу среќен што останува на теренот на дербито во Париз откако судиите му прогледаа низ прсти по бруталниот старт врз Геј во финишот од првото полувреме.

Фудбалерот на ПСЖ прв стигна до топката, по што асот на Сити со отворен ѓон стартуваше директно на неговиот скочен зглоб.

„Светците“ бараа црвен картон, какви што сме виделе многу низ фудбалска Европа за слични стартови, но ВАР-судиит останаа неми и решија да не реагираат по првичната одлука на главниот арбитар, кој му покажа само жолт картон на Де Бруине.

Се вчитува...