Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, не можеше да каже дали ова Светско првенство е последно во кариерата на Лионел Меси.
Аргентина и Шпанија ќе играат во финалето на Светското првенство 2026 во Њујорк во недела од 21 часот, а неизбежна тема беше Лионел Меси, кој на 39 години би можел да го игра последното светско првенство во својата кариера.
„Не знам дали ова е неговото последно светско првенство. Мора да го прашате него. Тој никогаш не престанува да нè изненадува“, рече Скалони.
На крајот, тој емотивно зборуваше за капитенот на Аргентина и за генерацијата што донесе голем успех на националниот тим во претходните години.
„Меси е чиста историја, легенда на светскиот фудбал. Горд сум што имам можност да работам со него. Достигнувањето до финалето на Светското првенство на 39 години е неверојатен успех. Оваа генерација ни донесе незаборавни години. Без оглед на исходот од финалето, она што го направија засекогаш ќе биде запишано во историјата. Вечно сме им благодарни“, заклучи Скалони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
