Што ќе се случува со Евролигата: Бартомеу отворено за Русите…

Евролигата по примерот на останатите спортови ги исклучи руските тимови од натпреварувањето, а минимални се шансите овие клубови да се најдат во елитното европско кошаркарско натпреварување и наредната сезона.

Првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу, отворено говореше за плановите за наредната сезона, не криејќи го песимизмот кога беше прашан за руските екипи.

„За жал, имавме нов проблем, претходно беше короната, сега е конфликтот меѓу Русија и Украина. Се уште е рано за конкретен одговор околу изгледот на Евролигата наредната сезона, но ако ситуацијата остане слична на сегашната, јасно е дека руските тимови тешко ќе можат да се вратат“, истакна Бартомеу.

Проблем за Евролигата е што ЦСКА Москва е еден од клубовите кои се ко-сопственици на натпреварувањето.

„Не знаеме што точно ќе се случи, но ние ќе им понудиме нешто на клубовите. Очекувам работите да бидат појасни по фајналфор турнирот кон крајот на месец мај“, прокоментира Жорди Бартомеу.

Се вчитува...