Денот кога Надал падна во депресија поради Меси

Вујкото и поранешен тренер на Рафаел Надал, Тони откри која е единствената работа која може да му го уништи денот на популарниот Рафа. Тој ја откри страста која ја има неговиот внук за фудбалот особено за Реал Мадрид.

Екс-тренерот на врвниот тенисер обелодени случка кога Надал освоил трофеј, но истиот ден паднал во депресија поради Лео Меси…

„Тоа што еднаш го извади од такт Рафа е ВАР технологијата која досуди три пенали против Реал Мадрид на мечот со Валенсија. Се сеќавам исто на „Ел класико“ 2017 година. Бевме во Монте Карло, а Рафа тој ден го подигна трофејот на турнирот. Вечерта Меси даде гол во „Ел класико“ и донесе победа за Барселона, залудна беше титулата, Рафа падна во депресија“, вели Тони. 

Се вчитува...