Што му кажал Кепа на Кабаљеро по „скандалот“, во соблекувалната?

Голманот на Челси, Кепа Аризабалага приреди вистински скандал откако одби да ја напушти играта пред изведувањето на пеналите во финалето од Лига купот против Манчестер сити.

Искусниот Аргентинец Вили Кабаљеро залудно чекаше покрај аут линијата да влезе во игра, и на крајот мораше да се врати на клупата. И двајцата по тој „скандал“ имале жестока караница во соблекувалната…

„Подобар голман сум од тебе, затоа останав на голот“ – му одговорил наводно Шпанецот на Кабаљеро, по што аргентинскиот голман „полудел“ во обид и за физичка пресметка, но бил спречен од соиграчите.

Кепа на крајот доби казна од само 220.000 евра, а им се извини на колегата и на клубот.

„Направив голема грешка. Се извинувам на тренерот, на Вили, на колегите и на комплетниот клуб. Исто така им се извинувам и на навивачите. Од ова ќе научам многу, прифаќам секаква казна“ – истакна Аризабалага.

Се вчитува...