„Што очекувате од човек кој е направен во соблекувална“

Младиот норвешки фудбалер Ерлинг Халанд ги воодушевува фановите ширум светот со игрите кои ги прикажува годинава. Тој беше главен виновник за победата на Борусија Дортмунд над Пари Сен Жермен откако беше стрелец на головите за „милионерите“ во победата од 2-1. Близок пријател на семејството Халанд се пошегува на сметка на младиот фудбалер велејќи дека едноставно не можеш да очекуваш ништо друго од момче кое е направено во соблекувална.

„Што друго да се очекува од дете кое е направено во соблекувална“, изјави Јан Фјортоф. 

Објаснувањето е дека Халанд уште од најмала возраст е максимално посветен на тренинзите и најголем дел од детството го поминал во соблекувална и на терен.

Бројките на Халанд сезонава се навистина импресивни. Во дресовите на Салцбург и Борусија Дортмунд Норвежанецот на вкупно 29 натпревари постигна неверојатни 39 гола, од кои 16 во австриското првенство, 10 во Лигата на шампионите, 8 во Бундеслигата, 4 во купот на Австрија и 1 во германскиот куп.

Се вчитува...