Што покажа Бундес-лигата: Каква е новата фудбалска реалност (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Празни стадиони, картoнски ликови на навивачи, резервни фудбалери на клупа на голема дистанца со маски, ова се дел од работите кои ги видовме на првите натпревари од фудбалската Бундес-лига која прва од големите лиги се осмели да продолжи со сезоната по паузата поради коронавирусот.

Фудбалерите на стадионите доаѓаа со повеќе автобуси за да има социјална дистанца меѓу играчите. На сите што влегуваа на стадионот вклучувајќи ги и претставниците на медиумите им беше мерена температура. На натпреварите имаше дури по 30 топки. Таа која се користеше за натпреварот постојано беше дезинфицирана.

Полицијата постојано патролираше околу стадионите за да контролира дали ќе се појават навивачи. Околу стадионите имаше точно 109 луѓе вклучувајќи ги тука пристуните во ВАР собата и обезбедувањето. На главните тренери им беше дозволено да бидат без маски за да можат да довикуваат по фудбалерите. Поздравувањето беше со удар со копачките.

Добрата страна е што на теренот имаше вистински фудбал со сите елементи на играта. Немаше многу радување освен кога фудбалерите при гол забораваа на забраните.

 

 

 

Се вчитува...