Што се 2.000 километри авто-стоп…За кого? За Македонија!

ЕКИПА во Гдиња,

Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски

Македонија за првпат на Европско првенство во фудбал. Сонот на македонските фанови им го исполнија „хероите“ на Благоја Милевски, кои вечерва (20.45 часот) во Гдиња ќе го играат последниот, трет меч од групата Б, против Португалија.

Македонските фудбалери ќе имаат поддршка од стотина македонски навивачи на „Миејски“ стадионот во Гдиња, а еден од нив дојде од Росоман, и тоа авто-стоп. Секоја чест!

Па, што се 2.000 километри авто-стоп за да се бодри Македонија!

Се вчитува...