Што се случи: Монако во „5 до 12“ откажа два трансфери во Премиер-лигата

Монако се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако францускиот прволигаш буквално во „пет до дванаесет“ стопираше два трансфери од кои требаше да заработи над 110 милиони евра од премиерлигашки клубови.

Камара беше договорен со Челси за сума од 65 милиони евра, фудбалерот за врска беше планиран за наследник на Енцо Фернандез, а „сините“ и „кнезовите“ си подадоа рака и се чекаа лекарските прегледи за трансферот да биде комплетиран.

Истовремено, Монако имаше дадено зелено светло за напаѓачот Балогун да се пресели во Евертон. Американскиот репрезентативец најпрвин имаше проблеми со лекарскиот преглед, но откако и тоа беше надминато се очекуваше само потпис.

И тогаш, сосема неочекувано следеше потврда дека Монако се повлекува од продажбата на Камара во Челси, а веднаш потоа и од трансферот на Балогун во Евертон.

Се уште е нејасно што се случи, но „кнезовите“ ќе ги имаат овие двајца стандардни првотимци најмалку до јануари 2027 година.

Се вчитува...