Големо изненадување се случи во полуфиналето од Мастерс-турнирот во Монте Карло, каде бранителот на трофејот Рафаел Надал неочекувано капитулираше пред Италијанецот Фабио Фоњини, губејќи со максимални 0-2 во сетови. Надал е 11-кратен првак на овој турнир и по елиминацијата на Ѓоковиќ важеше за апсолутен фаворит за нов пехар, но Шпанецот потфрли и му дозволи на Фоњини да го диктира темпото и на крајот заслужено да се радува на победата.
Италијанскиот тенисер го отвори мечот со брејк во првиот гејм, но Надал експресно израмни на 1-1. Мечот беше израмнет се до 4-4, кога Фоњини успеа втор пат да го освои сервисот на бранителот на трофејот, па потоа и сетот со 6-4. Надал многу пати се враќал во вакви ситуации, но шпанскиот тенисер денеска беше далеку од посакуваниот ритам, го загуби и вториот сет со 2-6 и заслужено беше елиминиран пред да стигне до финалето.
Ривал на Фоњини во големото финале ќе биде Србинот Душан Лајовиќ, кој во првото полуфинале славеше над Медведев со 7-5, 6-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА