Што се случува во Барселона, Лапорта одржа итен состанок?

Барселона синоќа убедливо загуби од Баерн Минхен во натпревар од првото коло во Лигата на шампионите, поради што претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта, одржа итен состанок со Роналд Куман. Двајцата имале состанок во два часа по полноќ, а првиот човек на клубот е прилично незадоволен, не само од резултатот, туку и од начинот на кој игра неговиот тим.

Нивниот разговор се одржал со нималку пријатен тон, а Лапорта му ставил до знаење дека поразот на почетокот на Лигата на шампионите не е нешто што се толерира во клуб како Барселона.

Кога се врати на позицијата претседател на каталонскиот клуб, сите очекуваа дека Лапорта ќе го замени Куман затоа што го донесе претходното раководство. Сепак, тоа не се случи, најмногу затоа што тој е поранешен легендарен играч на клубот, па затоа беше одлучено да му се даде шанса.

Шпанските медиуми предвидуваат дека доколку Холанѓанецот продолжи да реди слаби резултати, наскоро ќе биде елиминиран од менаџерската позиција, но се погласно се слуша дека Лапорта го подготвува Чави, исто така клупска легенда, за негов наследник.

Се вчитува...