Што ти е „балканско гротло“: Фудбалерите на Наполи воодушевени ја снимаа атмосферата на „Маракана“ (ФОТО)

Славната „Маракана“ очигледно долго го чекаше вистинското враќање на Црвена Звезда на европската сцена… И дочека сезонава да гледа натпревари во Лигата на шампионите, па актуелниот стадион „Рајко Митиќ“ за вечерашниот дуел со Наполи беше преполн уште два часа пред почетокот на мечот.

А, за тоа во каква атмосфера се игра дуелот доволна потврда е и воодушевувањето на фудбалерите на Наполи кои пред почетокот на средбата не пропуштија можност за селфи и за снимање на неверојатниот амбиент. Дури и за нив незаборавно!

Се вчитува...