Што велеше Буфон во март: Можеби ќе завршам како Зидан, ќе удрам некого за крај

Џанлуиџи Буфон имаше неславен крај на својата европска кариера, на последниот меч добивајќи црвен картон во натпреварувањето чиј пехар никогаш не го освои.

Сепак, неговото полудување по судиската одлука за пенал беше доволен повод италијанските новинари да се потсетат на зборовите на Буфон минатиот март, запрашан како планира да ја заврши кариерата.

„Сите ме прашуваат што ќе се случува на мојот последен меч, им велам дека не знам, не размислувам за такви работи. Кој да знае, можеби ќе си заминам како Зидан, ќе удрам некого за крај“ – изјави тогаш Буфон.

Колку беше голманот бесен на судијата Оливер, јасно е колку малку недостигаше за овие негови зборови да станат стварност.

Се вчитува...