Што велеше Клоп во 2019: Се надевам дека Супер-лигата никогаш нема да се случи…

Создавањето на Супер-лигата на Европа е главна тема во фудбалска Европа, а неполни 24 часа по нејзината официјализација британските медиуми се потсетија на изјава на Јирген Клоп од пред две години, во која стратегот на Ливерпул гласно се спротивстави на оваа идеја.

Американските газди на Ливерпул се дел од иницијаторите на новоформираното натпреварување, за кое Клоп во 2019 немаше превисоко мислење.

„Искрено се надевам дека Супер-лигата никогаш нема да се случи… Не разбирам, зошто би создале систем во кој Ливерпул би играл со Реал Мадрид по двапати години, десет сезони по ред“, изјави Клоп во 2019 година.

Ќе биде интересно тој и сега да го каже мислењето за новоформираното натпреварување.

Се вчитува...