„Штрковите“ го прелетаа Пелистер и стигнаа на чекор до финале

МЗТ Скопје е на чекор до обезбедување на ново финалето во македонското првенство откако „сино-белите“ славеа на првиот полуфинален меч во Битола против Пелистер со 72-79. Аеродромци одиграа лоша прва четвртина, но беа сигурени во продолжението од средбата. Преку одличната одбрана од минута во минута ја топеа предноста на домаќините и на крајот забележаа огромна победа.

Почетокот на натпреварот беше во знакот на Пелистер кој доминираше во првите десет минути игра. Битолчани одиграа одлично во одбраната со која целосно го запреа скопскиот состав, а течниот напад носеше лесни поени за водство од 14-0. МЗТ Скопје ја зацврти одбраната и успеа да ја преполови негативата, но избраниците на Радуловиќ не успеаја да го задржат темпото. Пелистер на време ги консолидираше редовите, повторно го наметна своето темпо и поведе со 28-16 по првата четвртина. Домаќините продолжија да ја диктираат играта и на почетокот на втората четвртина, но МЗТ Скопје возврати со агресивна одбрана со која го нарушија ритамот на „зелено-белите“. Дамјан Стојановски одговори капитенски на спротивната страна и покрена серија на тројки на „сино-белите“ па високата предност беше брзо стопена, а во еден момент МЗТ Скопје стигна и на негатива од еден напад (40-37). Пелистер се осврна на лични квалитети па преку Кесар и Калахан остана во водство од 44-37 на полувремето.

Зонската одбрана на МЗТ Скопје продолжи да прави проблеми во нападот на Пелистер, а избраниците на Радуловиќ одлично се снајдоа во рекетот на домаќинот па гостите успеаја и да го изедначат резултатот. Пелистер одговори со зона која го затвори пристапот до рекетот, а тоа го искористи на спротивната страна за водство од 59-55 по 30. минути игра. Добриот моментум на МЗТ Скопје продолжи и во одлучувачката четвртина. Шутот за три поени ги служеше аеродромци па преку тројките на Стојановски и Николов гостите стигнаа до предност од 66-71. Добрата одбрана на гостите продолжи да биде пресудниот фактор во завршницата, а на Пелистер не му одеше во предност ниту лошата реализација на линијата за слободни фрлања. „Зелено-белите“ промашија четири од пет обиди, а на спротивната страна сигурени беа домаќините кои приредија мирен крај на средбата.

Со по 16 поени Игор Кесар и Џордан Калахан беа предводници на Пелистер. Србинот додаде и 6 скока, додека Американецот натпреварот го заврши со 3 асистенции. Андреја Бојиќ беше на врвот на својата задача со дабл-дабл учинок од 17 поени и 10 скока, него го следеше Дамјан Стојановски со 16 поени, 15 поени и 10 скока додаде Олуџоби, додека како двоцифрен со 11 поени натпреварот го заврши и Мекиќ.

Се вчитува...